(ВИДЕО) Вулкан еруптираше во Чиле – издадено жолто предупредување како знак дека вулканот е нестабилен

0
207

Официјални лица на Чиле издадоа безбедносна тревога откако вулканот Ласкар, лоциран на Андите, еруптираше, предизвикувајќи помали потреси, јавува Би-би-си. Засега нема извештаи за штети во околината, но првичното зелено предупредување е надградено во жолто.

Националната служба за геологија и рударство на Чиле (Сернагеомин) дефинира жолто предупредување како знак дека вулканот е нестабилен. Експерти го следат местото за помали експлозии и појава на чад, соопшти Националната служба. Жителите на Талабра, мал град на околу 12 километри од вулканот, за прв пат ја забележале активноста вчера околу пладне по локално време.

И покрај огромниот облак чад што го испуштил Ласкар, кој се состоел од вулканска пепел и врели гасови, се верува дека ниту една куќа не била оштетена. Властите воведоа забрана за влез на пет километри од кратерот на вулканот.

Ласкар е 70 километри од Сан Педро де Атакама, популарна туристичка дестинација за пешачење, и пустината Атакама, најсувото место на Земјата.

фото:

TVU