Димитриеска Кочоска: Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се нашата слика, тие се постојано присутни и работат за граѓаните и нивните потреби

Добар ден на сите, продолжуваме со кампањата прибирање на идеи од граѓаните за граѓаните. На мое огромно задоволство денес сум во Општина Свети Николе, каде што заедно со градоначалникот Дејан Владев разговаравме и за реализацијата на проектите од 2022 година. Каде што навистина можам да кажам дека Дејан има големи остварувања и големи реализации, поготово и во делот на инфраструктурата, кои што се за поздравување, истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Но, не застанува тука, туку има навистина амбициозни планови кои што сум убедена дека ќе ги реализира и дека во текот на 2023-та година. Она што посебно ме радува е тоа што тој уште во текот на целата 2022 година работел на прибирање на идеи и бил во постојана комуникација со граѓаните од општината. Исто како што значи впрочем работат и другите наши градоначалници. И токму тоа е она што не прави да бидеме поразлични како ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ и ДУИ.

Зошто го зборувам ова? Во исто време сме сведоци значи на она дека во Парламентот веќе 9 дена, утре ќе биде 10-ти ден како што се разговара односно се дебатира за усвојување на Буџетот, на државата нели за 2023 година. Каде што можам да забележам многу грешки, неприфаќање на одредени предлози и на некој начин вклучување на одредени работи, проекти и желби на луѓето од власта. Зошто го зборувам тоа? Прво, во ниту една земја во светот не се случува ова што се случува во Македонија, а тоа е да во август месец зборувате за даночни реформи. Даночните реформи до овој момент се уште не ги знаеме и најодговорно го тврдам тоа затоа што еднаш велат ќе има, па ќе нема, па ќе има прогресивно оданочување итн. За да на крај се сведе сето тоа да даночната реформа се уште не е доставена до Собранието, а во исто време дискутираме за усвојување на Буџетот, што е за мене поразително. Тоа требаше да оди прво даночната реформа, па потоа да зборуваме за Буџетот.

И вториот момент којшто е многу битен, нашите пратеници имаат предложено околу 260 амандмани. Тие амандмани во суштина се направени во координација со градоначалниците, а тие пак со граѓаните. Кои се тие амандмани? Тоа се амандмани кои што не можат да бидат решени во рамки на локалната власт односно градоначалниците. Градоначалниците не можат да ги вклучат во своите буџети и токму од таа причина произлегле тие амандмани. И од 260 амандмани речиси имаме ситуација на неприфаќање на ниту еден амандман. Тоа јасно покажува дека власта ниту сака да комуницира со граѓаните, па макар и на овој начин, а ниту пак се интересира. И можеме да претпоставиме или на некој начин да бидеме сигурни зошто е тоа така, затоа што тие си реализираат проекти каде што има повеќе провизии, а овие проекти кои што се потреба на граѓаните не се за нив интересни бидејќи од тука навистина нема ништо кое што би било извор на корупција и криминал за власт. Повторно ќе кажам тоа е една огромна разлика и на граѓаните останува да ја прават таа разлика и да гледаат градоначалниците во моментов се нашата слика и тоа што тие се постојано присутни и тоа што тие го работат. Точно покажува дека ние зборуваме за две различни работи. Зборуваме за луѓе како што во моментов е Дејан Владев кој што е со мене работи во континуитет со граѓаните, асфалтира, предвидува еден куп инфраструктурни проекти за следната година. Драго ми е во неговата програма има буквално за сите, од најмлади до најстари. Од како што спомена и купување на противпожарно теренско возило, што е многу важно до реконструкција на училишта, градинки, инфраструктура, еве спомена и тој асфалтирање на улици во населени места каде што никогаш претходно воопшто не било нешто така направено.

Значи повторно ќе кажам на граѓаните останува да го оценуваат. Но, на една страна имаме луѓе кои што работат посветено, а на друга страна такви кои што не само што не работат туку немаат слух воопшто за потребите на граѓаните.

извор: ВМРО ДПМНЕ