(ВИДЕО) Канал 5 објави скандалозно видео од Велес: Професорка нападната од ученик во ОСУ „Јовче Тесличков“!!!

Под наслов „Скандал во Велес: Професорка нападната од ученик во ОСУ Јове Тесличков“, Канал 5 објави видео, на кое се гледа како ученик малтретира наставничка.

Телевизијата тврди дека станува збор за настан кој се случил во октомври 2019 година. Нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била О.К., која, според изворот, не презела соодветни мерки.

Во текстот на Канал 5 се вели дека лицето што снима зборува на албански јазик, но се нагласува дека тоа е ирелевантно во случајов. Идентитетот на учениците кои ја малтретираат наставничката не е познат.

Не е јасно и тоа зошто овој видео-материјал се појавува сега, после три години од случката и зошто до сега не е побарано да реагира МВР, како што се бара сега.

извор: Канал 5