Кремљ: Ситуацијата во Косово да се реши по дипломатски пат

0
200

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека треба да се заштитат сите права на косовските Срби, и дека Русија е за решавање на ситуацијата преку дипломатски пат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Песков на прес-конференција во Москва зборуваше за ситуацијата во Косово.

„Ние се залагаме за заштита на сите права на косовските Срби и исполнување на обврските преземени од страните според сите документи поврзани со оваа ситуација. За нас е важно да ги обезбедиме интересите на Србите. Ги поддржуваме мирните напори на страните и решавањето на ситуацијата по дипломатски пат“, рече Песков.

Истакнувајќи дека е неопходно да се намалат тензиите, Песков рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ не побарал поддршка од рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата на Косово.

Одговарајќи на прашањето дали ќе се промени руската нуклеарна доктрина, Песков рече: „Нема брзи акции по тоа прашање.“

Извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).