Одби да одговори за скандалот кој ја тресе ЕУ

Пресконференцијата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, прерасна во вистинска караница, особено откако таа одби да одговори на прашањата на новинарите за вмешаноста на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас со Катар, што предизвика гнев кај новинарите во Брисел.

Новинарите инсистираа на одговори за најголемиот корупциски скандал што ја погоди ЕУ во последните неколку години.

Заменик-портпаролот на Европската комисија, Ден Спинант, одлучи да ја затвори прес-конференцијата, што предизвика бурни реакции кај новинарите кои побараа дополнителни појаснувања.

 

vesnik.com