МВР со детали за акцијата во Идризово во која беше пронајден хероин со вредност од околу 45.000 евра

0
202

Полициските службеници кај осуденикот Р.С. од с. Љуботен, скопско, при влез во затворот Идризово пронашле хероин чија вредност може да достигне околу 45.000 евра.

-Имено, на 12.12.2022, користејќи поволност за дозволено користење на излез од казнено-поправната установа, при враќање во затворот Р.С. се обидел да внесе хероин, со висока чистота, спакуван во две пресувани коцки, со вкупна тежина од половина килограм, кој при претрес од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со затворската полиција на КПУ Идризово, бил пронајден и одземен. Пронајдената дрога во чиста форма би достигнала вредност од околу 8.000 евра на големо, а подготвена во пакувања за поединечна продажба и до околу 45.000 евра.

Како што информира МВР, веднаш бил известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а извршено било и вештачење на дрогата од страна на Одделот за криминалистичко-технички истраги и вештачења, а во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик.

извор: МВР