На ден 10.12.2022 година во 15.30 часот на место викано Старо Осој, ШСЕ Дреново, оддел 16, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како бесправно носат дабово огревно дрво со коњи. Три дена подоцна, на ден 13.12.2022 година во 11:30 часот на мв Старо Осој, ШСЕ Дреново, оддел 16, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како бесправно носат дабово огревно дрво со коњи. По извршената контрола дрвата се одземени и пренесени во склад на Лопушник, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.