Денес промоција на кумот и здравичарот за Бадник 2023

0
166

Здружението на граѓани – Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2023.

Промоцијата, како што велат организаторите, ќе биде можност за дружење и запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 31-та средба на 6-ти јануари 2023 година на платото пред Соборниот Храм „Свети Климент Охридски.“

На промоцијата се поканети кумовите и здравичарите од изминатите манифестации.

 

24.mk