Бугарската црква го призна томосот за автокефалност на МПЦ, но го оспори нејзиното име

0
213

Бугарските медиуми објавија дека Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под водство на бугарскиот патријарх Неофит решил да го признае томосот со кој СПЦ ѝ дава автокефалност на МПЦ.

Меѓутоа, БПЦ смета дека МПЦ-Охридска Архиепископија треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија“, а притоа го оспори и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, односно ќе го нарекува „архиепископ скопски Стефан“, објави doxologiainfonews.com.

Оваа одлука доаѓа затоа што Бугарската црква не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ.

фото: Архива