EУ го одби барањето на Софија третманот на Бугарите во Македонија да биде услов за напредок

epa10229028 A supporter waves a flag depicting Boris III dressed in a German uniform with the iron cross from the Second Wold War as people protest against the opening of the 'Tsar Boris III association' in Ohrid, Republic of North Macedonia, 07 October 2022. The association was opened amid a bitter and ongoing dispute over history and identity between North Macedonia and Bulgaria, and named after Tsar Boris III of Bulgaria, a ruler who led Bulgaria into a wartime alliance with Nazi Germany and virtually wi

Советот на ЕУ ја одбил бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите вo Македонија“. Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Македонија, но министрите го одбиле тоа барање.

Дел од медиумите во Бугарија вчера објавија дека бугарската декларација била прифатена, но според заклучоците на Советот во кои имал увид Дојче веле тоа не е случај. Бугарските медиуми се повикуваат на заклучокот за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ кој е наведен во точката 12 од заклучоците, и кој се однесува на сите земји од регионот на Западниот Балкан.

Во изјава за ДВ, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. – Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји, вели Маричиќ.

Вицепремиерот појаснува дека заклучоците на советот „само потсетуваат на претходните заклучоци“ донесени во јули годинава од летово „и сѐ останато е поддршка за нашата позиција и и продолжување на пристапните преговори“.

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во текстот се напоменува дека мора да се избегнуваат изјави и активности што негативно влијаат врз добрососедските односи и на мирното решавање на споровите.

извор: Република