Возило со скопски таблички излетало од магистралниот пат Охрид-Кичево кај Пресека

0
172

 

На 15.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, на превој Пресека, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(69) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник во возилото А.Г.(55), а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Ѓ.К.(50), двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

centar.mk