Осум мигранти загинаа денеска во Шанлиурфа, во југоисточниот дел на Туркије, откако минибусот што ги превезуваше падна во канал за наводнување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Минибусот кој превезувал нелегални мигранти падна во канал за наводнување во местото Харан, во близина на турската област Шанлиурфа.
Според првичните информации, во несреќата загинале најмалку осум лица, а останатите преживеале.
Во врска со инцидентот е приведено едно лице осомничено за криумчарење мигранти.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Фото: Абдула Аккурт / АА Агенција Анадолија (АА).