Во претпладневните и раните попладневни часови беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладнево е променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен, а на места засилен ветер од јужен правец.
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
8 Лазарополе, 9 Попова Шапка, 10 Крушево, Маврови Анови, 13 Тетово, Крива Паланка, 15 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, 16 Берово, 17 Штип, Претор, Демир Капија, Гевгелија, 18 Струмица, 19 Прилеп, 22 Битола.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 16 часот (во l/m2)
15 Прилеп, 10 Охрид, 9 Пожаране, 4 Скопје Петровец, Кр.Паланка, Д.Капија, Струмица, Берово, 3 Тетово, 1 Штип.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Во претпладневните и раните попладневни часови беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладнево е променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен, а на места засилен ветер од јужен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во ноќните часови.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Прeтпладне претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 9 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.
4news.mk