АМСМ: Намалена видливост поради магла на патниот правец Маврово-Маврови Анови, сообраќајот по влажни коловози

0
150

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста е намалена до 10 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.