(ВИДЕО) Супермаркет без кеси во Минхен

0
284

 

Ова звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но не е – така изгледа купувањето во Минхен во првиот супермаркет без каса, кој го отвори германската трговска компанија Реве. Ова, објави компанијата, е нејзиниот прв целосно автономен супермаркет.

Реве претходно ја испробал техниката во две хибридни продавници, кои имале каси, во Берлин и Келн.

Маркети без каса тестираат и други трговски ланци, кажа Франк Хорст од Институтот за истражување на трговијата (ЕХИ) во Келн. Според него, тоа се главно помали продажни објекти. Супермаркетот на Реве во Минхен има нешто помалку од 300 квадратни метри. Хорст напоменува дека останува да се види како концептот ќе им се допадне на купувачите.

Првиот купувач во Минхен во средата, на денот на отворањето, беше баварскиот министер за стопанство Хуберт Аивангер. Кажа дека е среќен што Реве го одбрал Минхен.

mkd.mk