Масовна тепачка пред кафеана во скопското село Јурумлери – приведени 4 лица

0
278

Масовна тепачка пред кафеана во скопското село Јурумлери. Полицијата привела 4 лица

На 18.12.2022 во 02.00 часот пред угостителски објект во с.Јурумлери, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.М.(22) од с.Идризово, скопско, Б.П.(27) од с.Јурумлери, С.П.(52) од с.Јурумлери и Г.Г.(46) од с.Идризово затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира МВР.

извор: МВР