Маж се заканувал со поставени бомби на неколку локации во Делчево

0
210

Маж се заканувал со поставени бомби на неколку локации во Делчево, соопшти полицијата.

Вчера вечерта околу 19 часот во ПС Делчево машко лице се јавило телефонски и упатило закана за наводно поставена експлозивна направа на неколку локации во Делчево.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени потребните проверки и утврдено дека станува збор за лажна пријава, велат од МВР.

извор: МВР