Синоќа по полноќ тешка сообраќајка во Гостивар, повредени три лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа по полноќ во Гостивар, во која повредени биле три лица и веднаш биле хоспитализирани.

„Патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот С.С. од гостиварско Речане, удрило во две паркирани товарни моторни возила со гостиварски ознаки „форд“ и “фиат“. Во
несреќата, сопатникот од „мерцедесот“ И.Б.(23) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, а другите два сопатника Ф.Ш.(20) и Љ.И.(21) од Швајцарија телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

 

libertas.mk