Во стар и напуштен објект на врвот Клепа јужно од Велес, кај Градско, вчера претпладне било пронајдено неидентификувано машко тело, соопшти полицијата.
„На 19.12.2022 во 11.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на врвот „Клепа” – Градско, во стар објект било пронајдено починато машко лице. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила екипа на СВР Велес“, се вели во полициското соопштение.
slobodenpecat.mk