(ВИДЕО) Пратеникот Каевски си играше игрици за време на Собраниска комисија, граѓаните бесни: „За ова ли ве плаќаме“

Додека говореше пратничката Гордана Силјановска-Давкова од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Дарко Каевски од СДСМ играше видеоигри на вчерашната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.

Видеото на социјалната мрежа Фејсбук го објави новинарот на Алфа, Матеја Петровски.

„За тоа ли ве плаќаме? Земате плата за да си играте тетрис на работа?“, се дел од коментарите.

извор: ФБ Матеја Петровски