Приказната за најпопуларните чевли на принцезата Дијана, кој денес се неизбежни модни парчиња

0
261

Принцезата Дајана во многу работи беше прва, поставуваше нови трендови и се спротивставуваше на правилата и традицијата.

Во таков модел принцезата Дајана пристигнала на „Лебедово езеро“, а до денес тие чевли се најпопуларните на светот и едни од главните избори на светските диви.

Денес не постои жена која не се заљубила во барем еден модел на „Jimmi Choo“ чевлите.

Принцезата Дајана ги вивнала во облаците кога се појавила во светлосини, сатенски сандали со блескавиот мини фустан на Кетрин Вокер и така стигнала на балетот „Лебедово езеро“ во Ројал Алберт Хол во јуни 1997 година.

„Навистина за нас тогаш тргна сè“, изјавила во една прилика креативната директорка на овој бренд.

Моделот „slingback“ со ременче над петите претставувал храбриот избор на Дајана која воспоставила блиско пријателство во Чуо откако почнал да дизајнира чевли на почетокот на 90-тите години. Тогаш започнал почесто да оди во нејзината куќа во Кенсингтонската палата (малезискиот дизајнер на чевли подоцна, во 2001 година го напуштил брендот).

Овој модел бил специјално направен така што да одговара и на нијансата на фустан којшто го избрала принцезата.

„Ова беа вообичаените 90-ти, ако сте работеле со некој моден дизајнер, вашите чевли совршено се согласувале со неговата креација“, објаснила директорката.

„Дајана секогаш одлично го балансираше својот изглед, земајќи ги предвид сите детали – ако изгледа посмело, облеката мора да биде префинета. Кога фустанот ѝ беше едноставен, додаваше некои детали на својата облека“.

Висината на потпетицата исто така се зголемувала во текот на годините за да стекне самодоверба (баш кога и нејзиниот избор на накит бил похрабар).

Денес, баш како и во тие години, ваквиот модел е еден од непроценливите, а тоа важи и за сè што носела лејди Ди, жената која беше надвор од своето време.

 

 

tocka.com.mk