Скопска православна епархија: Не е донесена одлука да нема погреби на одредени верски празници и на задушница

0
214

Не е донесена одлука да не се извршуваат погреби на празниците Свети Никола, во саботите кога е задушница, на првиот ден на Божиќ и Велигден, соопштија од скопската православна епархија при МПЦ – ОА. За можноста на овие празници да нема погреби се разговарало меѓу свештенството и погребното претпријатие во Скопје, АД Бутел“, но таква одлука не била донесена.

Претходно дел медиуми објавија дека има одлука на посочените празници да не се организираат верски погреби.

„Како последица на тоа дојде до несаканите случувања. Затоа, уште еднаш истакнувајќи дека за тоа беше само разговарано, а не и одлучено, известуваме дека погребенијата ќе продолжат да се извршуваат секојдневно, како, впрочем, и досега, нагласува во соопштението од Канцеларијата на Скопската православна епархија.

Извор: slobodnaevropa.mk