Аргентинската банка размислува ликот на Лионел Меси да го стави на банкнота од 1.000 пезоси

0
217

Аргентинската банка размислува ликот на Лионел Меси да го стави на банкнота од 1.000 пезоси, која е со вредност од нешто повеќе од пет евра, пренесува El Financiero. Идејата за Меси да биде ставен на банкнота во Аргентина дојде по фудбалската еуфорија која владее во земјата, а по освојувањето на светската титула во Катар.
Меси во Катар постави дури 12 рекорди во историјата на Светските првенства, а по пауза од 36 години ја оведе Аргентина до фудбалскиот планетарен трон.

Извор:  24info.mk