17-годишна девојка осомничена дека го нападнала 16-годишникот кој вчера беше пронајден во реката Пена

0
226

На 22.12.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала 16-годишниот малолетник од с.Ново Село, општина Желино, кој вчера во 07.10 часот беше пронајден починат во водите на река Пена на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово.

Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово.

Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил ослободен. По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено- поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

извор: ТВ 21