Пред Божиќ на аеродромот во Минхен владее хаос. Куфери се натрупани по ходниците и секој ден ги има се повеќе. Празниците допрва почнуваат, па се очекува хаосот да се зголеми.
My husband is stranded in #munichairport they had no organization for these 1000’s of people. They ended traveling from #Nuremberg on bus. They took ALL of his luggage in #athens even his carry on. An elderly gentleman was being assaulted airport personnel. #Lufthansa #abuse pic.twitter.com/vmps8ZHM8G
— Analie Papageorge (@analiespa) December 15, 2022
Компанијата Aeroground од средата објавува огласи за вработување на веб-страницата на аеродромот.
Бараме ракувачи со багаж. На аеродромот не недостасува работа, хаосот со багажот станува се подраматичен“, пишуваат германските медиуми.
Само минатата недела околу 15.000 куфери останаа зад хаосот предизвикан од силниот мраз. На тоа треба да се додаде и претпразничниот метеж – меѓу 23 декември и 8 јануари околу 11.000 авиони ќе полетаат или слетуваат. Се очекуваат 1,3 милиони патници и многу багаж.
Вработените во аеродромот известуваат дека и на двата оператори, Aeroground и Swissport Losch, им е тешко да го следат товарењето и истоварувањето од авионите.
Некои авиони полетуваат без натоварени куфери на патниците, па овие денови најверојатно ќе има непријатни изненадувања кога патниците ќе пристигнат на туристичките дестинации.
Според германските медиуми, по ходниците на аеродромот се натрупани околу 30.000 напуштени куфери – а тој број секојдневно расте. Германски медиумски инсајдер предвидува „апсолутна катастрофа“.