(ФОТО) Со Ламборџини превезувале два бубрега и спасиле два животи

Во 2014 година, Lamborghini и’ подари Huracan на италијанската полиција, а потоа повторно го направил истото три години подоцна. Тој втор автомобил неодамна отишол во важна мисија пренесувајќи два бубрега на пациенти во болниците оддалечени стотици километри.

Локалните власти неодамна споделија фотографии на социјалните мрежи кои покажуваат како го користат малиот багажник на Ламборџини за транспорт на скапоцениот товар. Иако предниот багажникот е само околу сто литри, доволно е да се складира изолиран сад со органи за трансплантација.
Автомобилот тргнал од Падова, а прва дестинација му била болницата во Модена, оддалечена 168 километри, каде е предаден еден бубрег. Патот потоа го однел тимот на Ламборџини до 401 километар оддалечената дестинација во Рим, каде што бил испорачан вториот бубрег.

Во оригиналната објава тие напишаа: „Патувајќи по автопат за да го донесат најубавиот подарок за Божик: животот. Благодарение на специјалниот Дедо Мраз на државната полиција, две лица добија бубрег. Органите ги донесоа полицајци кои предадоа два бубрега во Ламборџини Хуракан до болниците во Модена и Рим“.
Да кажеме и дека ова Ламборџини освен стандардна полициска опрема има и дефибрилатор, како и видео надзор кој постојано ја следи работата на полицискиот тим.

 

ekran.mk