Петиција за замена на сликата на Ева Перон во Буенос Аирес со слика на Меси

Онлајн петиција зеде замав вчера за промена на една од познатите слики во Аргентина на Марија Ева Дуарте де Перон, со слика на победникот на Светското првенство во фудбал, Лионел Меси, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со петицијата се бара ликот на Меси да ја замени огромната слика на поранешната прва дама на Аргентина што моментално ја краси зградата на Министерството за социјален развој во Буенос Аирес.

„Во една од најамблематичните улици во земјата, треба да има слика на Аргентинец кој навистина нè претставува СИТЕ нас“, се вели во петицијата што ја започна Бени Кока.

Петицијата го опишува Меси како „вистинска референца“ за Аргентинците „поради вредностите, трудот и почитта што тој секогаш ги покажувал“.

Петицијата ја нагласи популарноста на Меси, не само во Аргентина, туку и во светот, и го опишува како „некој кој ни даде толку многу радост и успеа да натера илјадници луѓе од други земји да ја поддржат Аргентина, поради љубовта што ја имаат кон него“.

Меси заслужува да биде „во целосен фокус на сите Аргентинци и туристи кои доаѓаат да нè посетат“, се вели во соопштението, додавајќи „ТОЈ ГО ЗАСЛУЖУВА ТОА И НИЕ ГО ЗАСЛУЖУВАМЕ ТОА“.

Хорхе М. Марио напиша дека „Меси ја претставува работата, трудот и постигнувањата… она што сите мора да го правиме за да имаме просперитетна татковина.“ Хорхе Игнасио Перез истакна: „Евита претставува само еден сектор од општеството. Меси [ги претставува] сите Аргентинци.“

Петицијата собра над 4.500 потписи од неделата.

Околу 5 милиони луѓе ги преполнија улиците во главниот град на Аргентина во вторникот, облечени во национални фудбалски дресови, носејќи знамиња, и со обоени лица во националните бои ги пречекаа шампионите од Светското првенство.

Петте милиони го соборија претходниот рекорд за бројност на навивачи кои ги поздравуваа шампионите на светските првенства, правејќи ги улиците што водат кон главниот град и центарот сино-бело море.

Репрезентацијата не можеше да го заврши своето парадирање со автобус поради големиот метеж, но играчите се качија на хеликоптери и од воздух ги поздравија навивачите пред да се сретнат со своите семејства.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).