Силен земјотрес го погоди Иран

0
211

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Јужен Хорасан, на истокот на Иран, јави Анадолија.

Земјотресот, чиј епицентар бил во близина на градот Босруџа, е регистриран во 16:54 часот по локално време, објави иранската агенција ИРНА.

Наведено е дека земјотресот е регистриран на длабочина од осум километри. Генералниот директор за управување со кризи во провинцијата Јужен Хорасан, Мухамед Али Ахунди, изјави дека земјотресот се случил на околу три километри од Босрује и дека екипите за итни случаи биле испратени на местото на настанот. Засега нема информации дали има жртви или материјална штета во земјотресот.

 

24info.mk