Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед да ви го честитам големиот христијански празник Божиќ.
Овие празнични денови нека донесат мир и спокој во вашите домови, добро здравје, радост и среќа, се вели во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение на истата претседателот на ВМРО ДПМНЕ додава:
Во духот на Христијанството потребно е да ги негуваме вредностите на толеранција, почитување, да се сплотиме и обединеме сите заедно.
Во овие мигови да си спомнеме за луѓето кoи се борат против сиромаштијата, кои ги споделуваат тешките времиња на неизвесност и несигурност, на оние кои немаат да си дозволат пристојна трпеза во своите домови. Да работиме да се смени таа реалност. Убеден сум и знам дека со многу работа и цврста волја можеме да ја промениме лошата реалност.
На граѓаните им е доста од колективните неуспеси, потребна е промена за подобра иднина и нова надеж.
Од Македонија мораме да создадеме држава на задоволни и среќни граѓани, со квалитетен и подобар живот. А тоа можеме да го постигнеме со меѓусебно разбирање и заедништво.
Добрината и љубовта нека биде водилка во вашите срца, а светлината и топлината нека бидат присутни во вашите домови.
Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ.
Христос се роди!
Навистина се роди!
извор: ФБ Христијан Мицкоски