Иванов до верниците на Католичката црква: Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток

0
178

Честитка до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар во Република Македонија

По повод големиот христијански празник Божиќ, Денот на Христовото Раѓање, ви упатувам искрени честитки и ви посакувам празничните денови да ги поминете со вашите најблиски во добро здравје, мир, хармонија, радост и среќа.
Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток, напиша на својот ФБ профил поранешниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Во честитката Иванов додава:

Божиќ е време за мир, заедништво и добри и хумани дела. Време кога на нашите ближни им подаруваме љубов и добрина.
Време кога треба да бидеме милостиви заради милоста Божја која ни е укажана со Рождеството Христово – Божиќ, како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството.
Мир Божји – Христос се роди!

извор: ФБ Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија