Се продлабочува соработката меѓу Битола и Лерин

Заменик-градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, попладнево оствари средба со градоначалникот на Лерин, Василис Гианакис.

На средбата се разменeти информации за можностите за продлабочување на соработката и за заеднички настапи пред меѓународните фондови на ЕУ, со посебен акцент на Интеррег програмите за прекугранична соработка.

Заменик-градоначалникот Бојкоски, воедно на покана на културниот клуб од Лерин, проследи дел од шаховскиот турнир кој се одржа помеѓу екипи од Лерин, Битола и Прилеп.