ВМРО ДПМНЕ: СДС е 7 години на власт, Скопје е позагадено од кога било порано, народот не заборава како ветуваа чист воздух

СДС е 7 години на власт, Скопје е позагадено од кога било порано, народот не заборава како ветуваа чист воздух.

СДС ветуваа чист воздух и здрава животна средина. На цел глас викаа ајро ајро, за на крај Скопје да тоне во загаден воздух, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додават:

СДС е 7 години централна власт, и раководи со Министерството за животна средина, и за целиот тој период немаат ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздух.

Над 20 милијарди евра потрошија изминативе години преку буџети, и ниту еден милион за подобрување на квалитетот на воздухот. Каде отидоа над 20 милијарди евра, и зошто не се инвестираше во животната средина?

Сега и во коалиција со Арсовска повторно не прават ништо за Скопје, напротив го користат за матни зделки, а повторно граѓаните се тие кои го плаќаат цехот.

Заедно со Арсовска се виновни за долгот на ЈСП, каде имаат свој директор, кон приватните превозници.

СДС не може да глуми опозиција, зошто се директно одговорни за сите проблеми изминативе 7 години. Но очигледно не знаат како и затоа треба да заминат во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ како нова влада ќе се бори и работи за подобра животна средина и справување со загаденоста на воздухот.

извор: ВМРО ДПМНЕ