КФОР потврди дека имало пукање во близина на патролата во Зубин Поток

Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за медиумите во Косово соопшти дека „слушнала и видела“ истрели во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток, една од четирите општини населени со мнозинско српско население на северот на Косово. Настанот бил забележан во неделата вечер, а КФОР соопшти дека нема повредени или материјална штета. Оттаму додаваат дека се работи на утврдување на фактите. Косовската полиција претходно ги демантираше пишувањата на српските медиуми дека учествувале во размената на оган во Зубин Поток. Немаше напад врз косовската полиција, ниту пак размена на оган меѓу косовската полиција или некоја група, полицијата не разменила оган против никого“, се вели во соопштението.

 

Радио Слободна Европа