Кучешка чума позната и како штенечак (Canine distemper) е констатирана кај пет заловени кучиња во Јавното претпријатие „Лајка“, што е причина надлежните да прекинат да заловуваат кучиња од улица во следните 30 дена. Штенечакот ги напаѓа респираторниот, гастроинтестиналниот и нервниот систем кај кучињата и е високозаразна и ризична болест, но може да се излечи ако навреме се детекира. Болеста, сепак не е опасна по здравјето на луѓето, посочуваат од „Лајка“.
„Од појавата на првите пет случаи на почетокот на декември, постојано се соочуваме со нов број на позитивни случаи кај нови кучиња, кои пројавуваат симптоми, бидејќи болеста има долга инкубација од неколку недели. Ве информираме дека веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки. Протоколот во прифатилиштето е во согласност со ветеринарната пракса и светските практики за управување со прифатилишта од овој тип и во консултација со ветеринарната фела, активисти и претставници на здруженијата за заштита на животни“, соопштуваат од ЈП „Лајка“.
Оттаму додаваат дека во моментов претпријатието е во карантин и ги дезинфицира своите простории.
kurir.mk