Османи за прес-конференцијата на Меџити: Не ја следев, немам коментар

0
181

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи не ја следел прес-конференцијата што вчера ја одржа неговиот сопартиец Изет Меџити, кој изнесе низа нови критики за работата на Османи и на вицепремиерот Артан Груби, објави ТВ21.

Не ја следев, како партија немам некој коментар, вели Османи.

Меџити јавно го презентира извештајот за (не)сработеното од министрите на ДУИ во изминативе две години, откако по две продолженија добиле известување дека нема да продолжи состанокот на Централното претседателство на партијата, на кое требаше да има отчет на министрите од ДУИ.

Извор: ТВ21.