Стивнува Божиќната бура во САД, полицијата на терен, ги посетува домовите

Американски полицајци и членови на Националната гарда од вчера ги пребаруваат домовите во делови на Бафало, откако во смртоносната божиќна снежна бура наврнаа 140 сантиметри снег

Зголемувањето на температурите започна и во источниот дел од САД и ќе продолжи и по Нова година. Температурите ќе бидат претежно над нулата. Сепак, постои ризик од поплави поради топењето на снегот, а во петок и сабота се очекуваат врнежи од дожд во западниот дел на државата Њујорк.

Американски полицајци и членови на Националната гарда од вчера ги пребаруваат домовите во делови на Бафало, откако во божиќната снежна бура наврнаа 140 сантиметри снег во вториот по големина град во државата Њујорк.

Студениот бран зафати поголем дел од земјата до границата со Мексико, одземајќи десетици животи, вклучувајќи 34 во Бафало и околината на округот Ири и еден во округот Нијагара.

Шерифот на округот Ири рече дека може да се најдат повеќе мртви додека ги проверувале домовите во населбите кои подолго време биле без струја.

„Се плашиме дека има луѓе на кои не им е добро или можеби се умрени“,

рече тој.

 

360stepeni.com