На заштитената тврдина во хрватското место Клис кај Сплит, која се спомнува уште во времето на Стариот Рим, деновиве биле поставени модерни ПВЦ-прозори, во рамките на проект за рехабилитација на градбата, јавуваат локалните медиуми.
Изборот на несоодветните, модерни прозорци наиде на бројни негативни коментари и реакции во јавноста. Јаков Ветма од ХДЗ, градоначалникот на Клис, вели дека му е срам и дека не знаел ништо за прозорите, додека информацијата не била објавена на Фејсбук. Тој ги повикува на одговорност и конзерваторите.
„Срам ми е, но да не беа објавите на Фејсбук, немаше ни да знам за овие откачени прозорци. Во суштина, тие веднаш се симнуваат, тоа е грдо, недостојно за простор и несоодветно“, напиша Ветма на социјалните мрежи.
Тој подоцна појасни дека не се работело за ПВЦ-прозорци, туку за дрвени, но дека тоа не ги менува работите, бидејќи рачките им се пластични, грди и несоодветни за таков културен споменик.
slobodenpecat.mk