Стоилковски: Скопје изгледа како зафрлено село – Данело, го посрамоти градот!

Ова е срамота!

Скопје изгледа како зафрлено село, госпожата се однесува кон луѓето недозволено лошо!

Ова е сликата за најголемиот булевар во Аеродром. Пишаното на картон на пешачки остров меѓу два големи трговски центри е највпечатливиот момент годинава и симбол за односот на Скопје кон Аеродром, напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во објавата Стоилковски додава:

Аеродром е најбројната општина во Македонија, најурбана, најатрактивна општина, но и општина со најголемо учество во скопскиот буџет!

Дури 60% од сите уплати, даноци, наплати, приходи на Аеродром завршуваат на градската сметка!

Аеродром има годишен буџет од 600 милиони. Град Скопје 7 милијарди!

Украсувањето на булеварите во Скопје, СИТЕ БУЛЕВАРИ, е нејзина обврска, должност, задача.

Ова е срамота.
Данело, го посрамоти градот!

извор: ФБ Наум Стоилковски