Дочек на Новата 2023 година во Македонија, Албанија и Косово

0
240

Новата 2023 година на полноќ е дочекана со музика, забава и огномет на плоштадите во Северна Македонија, Албанија и Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).

– Северна Македонија

Голем број граѓани Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што ги забавуваа различни музички групи од земјата.

На концертот на кој настапи и Елена Ристеска, забава приредија бројни музичари и бендови од земјата.

Дел од граѓаните Новата година ја дочекаа во домашна атмосфера, во кругот на семејството.

– Албанија

И во Албанија Новата година беше пречекана со концерти и огномети во Тирана и во другите градови ширум земјата.

Општина Тирана во соработка со различни институции организираше различни настани по повод Новата 2023 година, со учество на албански музички групи.

– Косово

Граѓаните во Косово Новата 2023 година ја дочекаа на плоштадот во главиот град Приштина.

Во тие рамки се одржа концерт на кој настапија бројни музичари и бендови кои им приредија забава на илјадници граѓани.

Извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).