Објавена порака од Масимо Савиќ снимена три дена пред неговата смрт: Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите

На официјалните профили на Масимо Савиќ на социјалните мрежи е објавена порака снимена од пејачот три дена пред неговата смрт.
Во објавата на Фејсбук навеле дека пораката е снимена за емисијата „Музик паб“ на Златко Туркаљ, а во неа Масимо последен пат и се обратил на својата публика.

„Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите“, рекол Масимо.

Во соопштението беше наведено дека пејачот со ова сакал да ги честита новогодишните празници.

извор: ФБ