Турција и Бугарија денес потпишаа договор за трансфер до 1,5 милијарди кубни метри природен гас годишно.
„Новиот договор опфаќа период од 13 години“, рече турскиот министер за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во Софија, каде што беше примен од неговиот бугарски колега Росен Христов, јави агенцијата Анадолија.
Донмез додаде дека ваквата соработка ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со природен гас за Европа, заедно со Бугарија.
Договорот доаѓа еден месец по состанокот на лидерите на нафтените компании и министрите за енергија во Истанбул.
„Задоволни сме што темите за кои се разговараше во Истанбул се претворија во конкретни чекори денес во Софија, помалку од еден месец по нашата последна средба“, рече Донмез.
Фото: Архива