Во Хрватска се шири вирус на грип, регистриран прв смртен случај

Во Хрватска е регистриран прв смртен случај од компликации од грип во Бродско-Посавската жупанија, каде неделно има повеќе од 200 заболени.

Станува збор за средовечен маж кој, како што се наведува, имал и многу други хронични заболувања, а починал на Одделот за инфективни болести на болницата во Славонски Брод.

Доктор Анте Читковиќ, директор на Институтот за јавно здравје во тој град, за ХРТ изјави дека мажот, роден 1958 година, не бил вакциниран против грип, дека со ПЦР тестот е потврден грип, што, како што рече, покажува дека грипот е сериозна и опасна болест.

Според последните податоци од пред две недели, сезонава во Хрватска се регистрирани 1.759 случаи на грип, а лекарите велат дека притисокот е голем и се повеќе граѓани бараат помош.

 

 

nezavisen.mk