Туркије и Русија може да воспостават заеднички патроли во северна Сирија, изјави денеска турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за група новинари во турскиот Парламент, Акар се осврна на трипартитната средба на Туркије со Сирија и Русија во Москва.
„Наша цел е одбрана на нашата земја и нација. За ова, борбата против тероризмот е многу важен елемент“, нагласи тој.
Истакнувајќи ги успесите на Туркије во нејзината борба против тероризмот, Акар рече дека на трипартитниот состанок во Москва на своите колеги им нагласил дека не е можно Туркије да прифати повеќе бегалци.
Тој изрази надеж дека трипартитните разговори ќе продолжат „разумно, логично и успешно“.
Турскиот министер за одбрана рече дека Туркије нема да донесе ниедна одлука што може да предизвика проблеми за сирискиот народ, и додаде дека „ставот на Анкара мора да биде познат од сите страни и соодветно да се преговара“.
извор:Агенција Анадолија (АА).