Тешко повреден 47-годишен маж по удар од автомобил

0
239

Вчеравечер во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ласкарци-с.Буковиќ, Скопско, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(22) од с.Паничари, скопско, удрило во З.М.(47) од с.Ласкарци.

Во несреќата, З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: МВР