Македонците во Албанија го прославија Божиќ

Големиот христијански празник Божиќ, денот на Христовото раѓање се прослави меѓу православните Македонци во Албанија, објави македонскиот весник од Албанија makedonium.net.
Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана.
Македонците во с.Врбник и во градот Билишта го прославија Божик на 25
декември.
Како и секоја година и ова година за Божиќ, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање.

извор: makedonium.net