Агелер: Борбата против корупцијата е приоритет за САД

0
155

Американската амбасадорка, Анџела Агелер најавува дека тимот од Вашингтон в среда ќе покрене неколку прашања за корупцијата. Шефот на македонската диппломатија, Бујар Османи очекува и листа на санкции, објави DW.

Советникот на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле в среда (11.01) треба да допатува во Северна Македонија, во рамките на посетата на регионот, каде, според најавата на Стејт департментот, треба да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан. Но, она што со неизвесност се очекува во земјата, е дали со Шоле ќе пристигне и најавената листа на санкции за корумпирани политичари и кој се би можел да се најде на овој „црн список“.

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, посочи дека Шоле е посветен на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, а дека борбата со корупцијата останува приоритет број еден за Вашингтон во однос на Северна Македонија во наредниот период. Таа вели дека делегацијата од Вашингтон ќе покрене неколку прашања за време на посетата на Скопје.

Во однос на уставните измени, коишто се голем предизвик за земјата, Агелер вели дека тоа е важно прашање и примарно е важно за водството на Северна Македонија. „САД го поддржува придвижувањето на земјата кон евроатлантската интеграција. Веруваме дека и пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење и ќе има големи придобивки за земјата. Ги поттикнуваме водството и избраните функционери да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат потребните измени кои ќе го овозможат патот кон ЕУ“, вели таа.

Текстот во целост на: DW