Пендаровски и Ковачевски на традиционален божиќен ручек кај архиепископот Стефан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек кој го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

На традиционалниот божиќен ручек, премиерот Ковачевски присуствуваше заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св. Стефан.

извор: Влада