4news.mk: Кој е администратор ФБ страната на Никола Груевски? До скоро имаше еден во Унгарија и тројца во Македонија, сега нема администратор кој моментално се наоѓа во Букурешт!

Откако ја зголеми својата транспарентност, Фејсбук на секоја страница покажува од каде истата се менаџира. На пример во 2019 година, кога се случи бегството на Никола Груевски, па се до скоро време до 2022 година прикажуваше дека има вкупно 4 администратори, од кои 3 во Македонија и еден во Унгарија (за кој се претпоставуваше дека е самиот Никола Груевски), објави 4news.mk. 

Но откако деновиве тој повторно е многу активен на друштвените мрежи, се одлуливме повторно да провериме кој денес, во 2023 ја менаџира неговата страница на друштвената мрежа Фејсбук. Проверката која денеска ја направи 4NEWS.mk покажува дека веќе на страницата нема администраот кој моментално се наоѓа во Букурешт односно Будимпешта.

Инаку, страницата на Никола Груевски е една од најбројните кога станува збор за политичари во Македонија. Има 251 илјада следбеници и 224 илјади лајкови.

Од тука произлегува и прашањето, каде моментално се наоѓа Никола Груевски кој се бара со меѓународна потерница и дали евентуално ја напуштил Унгарија и зошто е намален бројот на администратори на неговата страница и кои се останатите.

Доколку сакате да видите кои држави се менаџираат страниците на државниот врв и лидерите во Македонија на следниов линк. 

извор: 4NEWS.mk

фото: 4NEWS.mk