НАЈНОВА ВЕСТ – Уапсен Драган Даравелски

0
287

На граничниот премин Табановце при влез во Македонија уапсен е поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше баран со меѓународна потерница, потврдија од МВР. Во тек е негово спроведување до затворот Идризово во Скопје.

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на 7 години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Со истата пресуда судот одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари.

 

Telma