Соработниците на американскиот претседател Џо Бајден пронајдоа нова серија доверливи владини записи на втора локација, во сè поголем политички срам за Белата куќа, објави Би-Би-Си.
Првиот сет беше пронајден во приватна канцеларија во Вашингтон што Бајден го користеше кога беше потпретседател. Случајот е под ревизија на американското Министерство за правда.
Поранешниот претседател Доналд Трамп се соочува со кривична истрага за наводно лошо постапување со доверливи досиеја.
Сè уште не е јасно кога и каде е пронајдена дополнителната транша од досиејата од помошниците на Бајден.
Оригиналната серија од околу 10 документи беше откриена во ноември во Центарот Пен Бајден, во близина на Белата куќа, но излезе на виделина дури оваа недела.
Тие документи, наводно, вклучуваат белешки од американското разузнавање и брифинг материјали поврзани со Украина, Иран и Обединетото Кралство.
Белата куќа се уште не коментирала за новооткриената серија. Сепак, откритието е потврдено од американскиот партнер на Би-Би-Си – CBS и други американски медиуми.
vecer.mk